Маж на возраст од 29 години од Кавадарци му се заканувал на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и неговото семејство.
Како што информираа од СВР Велес, тој е приведен синоќа, бидејќи подолг временски период упатувал закани за Јанчев и неговото семејство на социјални мрежи.
Тој бил задржан во полиција и по документирање на настанот ќе добие соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кавадарчанецот кој ја загрози сигурноста на градоначалникот Митко Јанчев оди во затвор
Фото: Јанчев/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.