еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

3.200 денари за акција: Познато колку Комерцијална нуди за сите акции на Стопанска банка Битола

Познато е колку Комерцијална банка АД Скопје нуди за сите акции со право на глас на Стопанска банка АД Битола.

Од Комерцијална преку Македонска берза информираа дека Банката нуди 3.500 денари за една акција.

Од таму информираат и дека Народната банка и издала претходна согласност за стекнување на 100% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.

Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции, што значи дека доколку се прифати понудата Комерцијална за сите акции ќе треба да плати 1,25 милијарди денари или 20,3 милиони евра.

Комерцијална најави спојување со Стопанска банка Битола пред околу една година, а во периодов Банката ја скенираше финансиската состојба на Стопанска банка Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела Стопанска банка Битола, која е пред спојување со Комерцијална, во изминативе две години

Комерцијална и Стопанска банка Битола пред спојување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата вработува, плата до 23.260 денари

Редакција

Денеска снег во западните и северните делови на Македонија, најстудено ќе биде во четврток и петок

Редакција

(Видео) Водици во Скопје: Како изгледаше фрлањето на крстот

Редакција