еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско, сопственикот на фирмата за него немал работна дозвола

Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кратово поднесе кривична пријава против Б.О. (40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“, информираа од таму.

-Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за безбедност и здравје при работа.

На 06.02.2025, додека работеле на објект во с.Кетеново, кратовско, едно од лицата, А.Р. (35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„еМагазин“ избран да биде дел од новоформираниот Клуб за ментална хигиена

Редакција

Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија

Редакција

Студентите најавуваат нов протест, бараат исполнување на сите барања

Редакција