еМагазин
Image default
Свет

350 лекари и медицински работници во Индонезија заразени со Kовид-19, биле вакцинирани со „Синовак“

Повеќе од 350 лекари и медицински работници во Индонезија се заразиле со Kовид-19 иако биле вакцинирани со вакцината на „Синовак“, а десетици се хоспитализирани, соопштиле властите.

Повеќето од медицинските лица биле асимптоматски, но десетина од нив завршиле во болница со висока температура и со пад на кислородот во крвта, изјавил Бадаи Исмојо, раководител на Здравствениот дом во Јава.

Регионот Кудис кој има околу 5.000 здравствени работници, се бори со жаришта на делта сојот кој првпат е идентификуван во Индија.

Здравствените работници како приоритетна група први биле вакцинирани. Речиси сите примиле вакцина против Ковид-19 од кинеската компанија „Синовак“, пишува „Ројтерс“.

Портпаролот на „Синовак“ не бил достапен за коментар за ефикасноста на нивната вакцина против новите соеви на коронавирусот.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пропуст или порака: Планираат ли САД праќање 5.000 војници во Латинска Америка?

Редакција

Русија регистрираше спреј против Ковид-19: Пациентите оздравуваат за само осум дена

Редакција

(Видео) Нокаут за Борис Џонсон: Домот на лордовите пресече дека нема Брегзит без договор со ЕУ

Редакција