еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

39-годишна жена од Тетово го убила 51-годишниот невенчан сопруг, доби 30-дневен притвор

Откако СВР Тетово поднесе кривична пријава за убиство до тетовското Обвинителство, денес судија во претходна постапка одредил мерка притвор за А.С (39) која вчера го уби невенчаниот сопруг А.И (51).

Таа е спроведена во затворот во Скопје каде треба да ја помине мерката притвор од 30 дена.

Од СВР Тетово информираат дека минатата година таа го пријавила сопругот во полиција за расправање и навредување.

– Тетовката А.С.(39), осомничена за убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг, А.И, досега во СВР Тетово има поднесено само една поплака против сопругот и тоа на 14 октомври минатата година.

Тогаш се пожалила дека сопругот се расправал со неа и ја навредувал, по што таа ја напуштила просторијата во која биле двајцата сопружници. Набрзо, А.И.(51) бил повикан во Полициската станица Тетово и бил предупреден, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вчера жената самата се пријави во СВР Тетово дека со употреба на тврд предмет околу 11 часот го извршила убиството врз невенчаниот сопруг.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Весна Бендевска, која е избрана на потпретседател на Собранието

Редакција

МВР ќе го обезбедува одбележување на раѓањето на Гоце Делчев во Скопје

Редакција

Се обидел да ја силува во влезот од зградата

Редакција