Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерството за здравство.
“Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 224.336 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани.
Со последните бројки 46% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.
Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Фото: МЗ