еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

47 пациенти ќе бидат испратени на лекување во странство, на помош ќе дојдат лекари од Израел, Србија и Чешка

Министерот за здравство Арбер Таравари информираше дека 47 повредени од пожарот во дискотеката во Кочани ќе се лекуваат во странство. Станува збор за најкритичните.

„Во Солун веќе се пристигнати тројца, во Бугарија се заминати и сместени 14 пациенти од кои во Софија ќе се лекуваат осумина, а во Пловдив и Варна по тројца.

Во Србија веќе се отидени двајца повредени, по еден во Белград и во Ниш, а во Турција се тројца.

Во Истанбул вечерва ќе патуваат уште шестмина, исто толку ќе се лекуваат и во Хрватска, а дополнително уште 15 повредени ќе заминат за Србија,“ рече Таравари.

Тој додаде дека утре на помош ќе стигнат колеги специјалисти по интензивна нега на изгореници од Израел, Србија и Чешка кои ќе им помогнат на нашите лекари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Т.н. дискотека работела со фалсификувана лиценца, осомничени 20 лица помеѓу кои и поранешни функционери

Тројца малолетни лица починати, а повредени повеќе од 20 малолетници во пожарот во Кочани

Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нова продавница на Levi’s во Скопје Сити мол

Редакција

„Делта-пром инг“ го доби тендерот на општина Велес за реконструкција на водоводни и канализациони линии вреден 613.000 евра

Редакција

Градоначалникот на Велес и неговото семејство негативни на коронавирусот

Редакција