еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

51 лице од 480 кои во последните четири недели починале од Ковид-19 биле вакцинирини

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, за периодот од 6 август до 2 септември.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

“Во период од 06.08 до 02.09.2021 на територија на државата 22.416 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 18% биле целосно вакцинирани, односно 4.191 лице.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со Ковид-19, 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10%) примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон&Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство“, велат од Министерството.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Табела) Најголема смртност од Ковид-19 во градовите каде има помал процент на вакцинирани

Проф. Трајковски: Благодарение на масовната вакцинација, особено кај постарите од 60 години, врвот на смртноста е неспоредливо помал од претходните

Анализа на Проф. Трајковски покажува колку вакцинацијата има влијание за смртноста од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отпад од Инфективна болница закопувале кај заштитната зона на бунарите „Нерези Лепенец“

Редакција

93% од компаниите имаат потреба од нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата

Редакција

Од градинка во Велес украдена сета храна наменета за оброци на 1.260 деца

Редакција