Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој имал увид во договорот што Владата го потпишала со Бехтел и Енка, за ТВ Сител изјави дека ако работната недела не се зголеми од 40 на 60 часа во период од 45 дена од потпишувањето на договорот со Бехтел и Енка за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, Владата се обврзала да му плаќа огромни пенали на американско-турскиот конзорциум.
Николоски рече дека ќе се плаќаат пенали по три основи доколку времетраењето на работната недела не се смени во рок од 45 дена од потпишувањето на договорот, од чие потпишување веќе поминаа 34 дена.
„Прво, државата еднократно ќе ѝ исплати на ‘Бехтел’ 53 милиони евра пенали. Понатаму, секој месец ќе доплаќа по дополнителни 1.265.000 евра на веќе постојните трошоци коишто треба да се платат во договорот. На ова дополнително ќе треба да се платат уште 900.000 евра секој месец“, рече Николоски.
Според него Владата се обврзала и на тоа за секоја делница да се даваат по дополнителни шест месеци рок на изградба, со што, рече Николоски, тие пет години во коишто беше споменувано дека ќе се завршат делниците, значи дека ќе станат седум и пол години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бехтел и Енка, кој ќе ги гради автопатите, нема да плаќа данок, царина и акциза
Фото: Влада