Вчера во Македонија беа регистрирани 120 нови случаи на заразени со Ковид-19, што е најголема бројка за 24 часа, од почетокот на епидемијата.
“Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 24 позитивни.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 56 лица од женски и 63 од машки пол.
Регистрирани се 15 хоспитализирани, а кај 21 лице е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).
Од вкупниот број на нови случаи, 70 (58,8%) имаат контакт со потврден случај“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје, која еМагазин секојдневно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Леб можевте у Охрид да купите„: Твитер реакции за карантинот и „бегството“ на Скопјани
Еден од новопочинатите од корона вирусот немал контакт со потврден случај
Фото: Кабинет на претседателот