еМагазин
Image default
Македонија

59 лица од Деве Баир сместени во хотелот „Ибис Стајл“, имаат и медицинска поддршка

Вчера во доцните вечерни часови во хотелот „Ибис Стајл“ (поранешна Мала Богородица – Систина) се примени првите луѓе кои е потребно да се во изолација односно во карантин, информираат од хотелот.

Станува збор за приватен капацитет кој на располагање на државата го ставија „Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина“.

Од синоќа таму се сместени 59  лица кои во земјава влегле на Деве Баир и од Косово. Во хотелот се и 6 полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои се менуваат на смени 24/7.

„Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема.

За лицата ќе биде обезбедена и храна.

Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик.

Лицата со симптоми на Ковид 19 ќе бидат пренесувани со асистенција на Министерството за здравство во Инфективната клиника. Согласно ова, 4 лица кои вчера вечерта имаа покачена температура на проверката, веднаш беа испратени во Инфективната клиника,“ информираат од таму

Хотели Ибис Скопје – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ имаат капацитет од 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби се за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби.

Овие капацитети беа ставени на располагање без претходни услови, но известуваме дека трите оброци за изолираните лица ги обезбедува државата во вредност од 600 денари по лице. Сите останати трошоци за сместување, вработени и медицинска поддршка ги покрива Орка холдинг“ и „Аџибадем Систина““, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

7 пациенти со коронавирусот се на третман со кислородна поддршка, а со самокислородна маска 11

Детална листа: Како изгледа бројот на заразени со коронавирусот во Македонија по градови

Најмногу од заразените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 15 до 49 години

Клиника „Жан Митрев“: Земање примероци за анализа за корона вирусот единствено со претходно закажување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот амбасадор и дипломати се евакуирани од Украина, преку безбедносен коридор, вели Османи

Редакција

Петиција за поддршка и потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност

Редакција

Ројтерс:  Датум за преговори со Македонија, но не за Албанија

Редакција