еМагазин
Image default
Локално

62-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, на 9 ноември во неговиот дом, во состојба на битно намалена пресметливост како резултат на психичка болест – токсикомански алкохолизам, се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка.

Оштетената постојано се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од обвинетиот кој бил во алхололизирана состојба.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото,“ информираат од Јавно обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановската полиција растури собир на мештани во простории на месна заедница

Редакција

Прилепчанец со метална прачка „се расправал“ со соседите

Редакција

Наставник физички нападнал 14-годишен ученик во Скопје

Редакција