еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

7 лица од новозаразените со корона вирусот со претходни заболувања

Вчера во Македонија беа регистрирани 20 нови лица заразени со корона вирусот.

“Тестирани се вкупно 744 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 355 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Скопје, Велес, Куманово и Кочани) без регистрирани позитивни случаи. Од таргетираниот скрининг, 38 тестови се направени во домови за стари лица во Скопје, сите негативни.

Регистрирани се вкупно 20 нови позитивни лица.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 8 од женски и 12 од машки пол.

Регистрирани се две хоспитализирани лица.

Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 13 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанецот кој почина од корона вирусот имал претходни заболувања

Фото: Факултет за ветеринарна медицина/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија е европски шампион во фудбал

Редакција

(Фото) Врачена државната награда „11 Октомври“: Кои се добитниците

Редакција

(Видео) Несовесни граѓани фрлаа отпад од мост директно во реката Вардар

Редакција