еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

76,3% од младите во Полошкиот регион би се иселиле од државата

Истражувањето „Потребите на младите на локално ниво”, спроведено во Полошкиот плански регион, од здружение на граѓани “Младите можат“, во текот на август-септември 2024 година, покажува дека 49,6% од младите никогаш не биле вклучени во некаква организација или клуб, а како причина ги наведуваат нивните веќе постоечки обврски во училиште или на работа. Две третини од младите во Полошкиот плански регион (65,5%) никогаш не работеле индивидуално или во група на решавање на некаков проблем во нивната општина.

Истото покажува дека 21,6% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во нивната општина е слаба економија и невработеност. Доколку би имале можност за отселување, огромни 76,3% од младите би се иселиле надвор од државата, а 71,2% од испитаниците сметаат дека воопшто не се вклучени во подготовката на програма и распределбата на буџетот на општината.

Истражувањето исто така покажува дека 48,9% од испитаниците не се запознаени со работата на локалните власти и распределбата на буџетот. Младите во Полошкиот регион (35,2%) имаат најголема достапност до матичен доктор, а најмала достапност до уролог (12,3%).

„Во Македонија младите сочинуваат речиси една четвртина од целото население, факт кој не треба да се занемари во ниту еден момент. Воспоставните практики, непостоењето на претставнички тела, ниската запознаеност на младите со претставниците говорат за исклученост на младите од ваквите процеси, и причините кои водат кон незапознаеност и апатија.

Меѓутоа, младите како група постојано се соочуваат со бројни предизвици, испреплетени меѓу неактивноста во заедницата, недостатокот на лична одговорност и етнички тензии. Токму тоа не поттикна да добиеме конкретни податоци за вклученоста на младите во процесите на донесување одлуки и нивното учество во општествените текови на локално ниво,“ вели Никица Манџуковски, програмски координатор во Здружението.

Најпривличен сектор за волонтирање на младите од Полошкиот регион е граѓанскиот (39,5%), а 60,4% сметаат дека имаат лична одговорност да се ангажираат и да направат нешто со цел да го подобрат општеството. Најголем процент од млади сметаат дека воопшто не се вклучени во носењето на одлуки во нивната локална заедница (41%).

Младите од Полошки регион не се запознаени дали постои Закон за младинско учество и младински политики (54,7%), 50,4% од младите одговориле дека општината е отворена за иницијативи од млади луѓе, а 47,5% сметаат дека општината финансиски ќе поддржи иницијатива од млади.

Во однос на оценување на нивното здравје и благосостојба, 56.1% даваат највисока оценка 5 за нивното здравје.

Целта на истражувањето е да се идентификуваат потребите и предизвиците кои младите луѓе ги имаат во Полошкиот регион. Добиените резултати од истражувањето, односно идентификуваните потреби и предизвици ќе овозможат решавање на младинските предизвици на локално ниво, зајакнување на капацитетите на младите за вклучување во процесите на донесување на одлуки, како и зголемување на соработката помеѓу локалните власти, организации, училишта и останати чинители кои се значајни за младите луѓе, посочуваат од таму.

Здружение ова истражување го спроведува од 2021 година, и до сега е спроведено во вкупно осум општини. Оваа година за прв пат истражувањето опфаќа еден цел плански регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ: Граѓаните не дозволија кризни и злонамерени сценарија за државата и за Албанците

Редакција

(Видео) Нова песна на Бојана Скендеровски, „Лажни светови”

Редакција

Бобан Стефковски, градоначалникот на Гази Баба добил закани по живот

Редакција