еМагазин
Македонија

80% од новите случаи и 84% од хоспитализираните со Ковид-19, се невакцинирани

Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, информираат од Министерство за здравство.

„Во период од 6 август до 9 септември, на територија на државата 26.053 граѓани, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5.175 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84%, додека само 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 678 починати од Ковид-19, 591 биле невакцинирани, а 87 вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев контра неговиот советник: „Бомбите“ се автентични и му се предадени на Верушевски

Редакција

Од 19 заразени со Ковид-19 во Куманово, 17 се од општина Липково

Редакција

Судскиот совет не бил вклучен во измените на Кривичниот законик

Редакција