еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

81,2% од починатите со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 11. октомври покажуваат дека 81,2% од починатите со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=589) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 153,7/100.000 жители.

Регистрирани се 499 смртни случаи кај лица од машки и 301 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 605 (81,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=487), дијабет (n=227) и белодробна болест (n=114).

Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и седум смртни случаи кај здравствени работници„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

51 лице од починатите од Ковид-19 починало надвор од болница

Вкупно 514 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Скопје, Струмица и Тетово се во 4. фаза: Проценка за ширење на Ковид-19 низ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре значителен пад на температурата, и до 8 степени

Редакција

Скопје добива два „легални ѕидови“ за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали

Редакција

(Видео) Нов напад на Москва со дронови, нарушен и сообраќајот на аеродромот Внуково

Редакција