Ви ја пренесуваме реакцијата на 85 македонски интелектуалци по повод негирањето на македонската национална, културна и јазична посебност од страна на Бугарија.
“Во изминатиов период сме соочени со постојаното ангажирано негирање на македонските идентитетски обележја – народот, нацијата, јазикот, културата, од страна на владините и на државните институции на Република Бугарија со цел да се прикаже дека македонската нација е вештачка креација на Коминитерната и на Јосип Броз Тито, која како таква постои од 1945 година, и дека преку присилна пропаганда од тогашните комунистички власти „Бугарите“ во Македонија биле принудувани да се запишуваат како Македонци.
Уште повеќе, со Договорот за пријателство, добрососедство и соработкасе бара и прифаќање на т.н. заедничка историја со Бугарија, а воедно и откажување од македонското малцинство, кое таму живее со векови.
Самиот факт што бугарската држава не ги признава македонската нација и македонскиот јазик зборува, во основа, за каков „пријателски“ договор се работи и што, во суштина, се крие зад тоа –целосно обезличување на сето она што е македонско.
За жал, оване е ништо ново. Не треба да заборавиме дека на пописот во 1956 година во Бугарија, тамошните Македонци за последен пат можеле официјално да се изјаснат за својата национална припадност.
Од тогаш до денес се подложени на постојан притисок, на асимилација и денационализација.
Не е подобра ситуацијата во овој поглед и во Грција. Оттука, не случајно во двата договора – во оној со Бугарија и во оној со Грција, од нашата држава се бара да признае дека нема македонско малцинство и дека какво било барање за заштита на неговите права ќе се смета за мешање во внатрешните работи на едната или на другата соседна земја.
Сметаме дека тоа што матичната држава се откажува од своето малцинство и го остава без каква било заштита претставува чин без преседан во светски рамки, кој е во спротивност со сите декларации за правата на малцинствата и за човековите права воопшто.
Во прилог на ова зборуваат и 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонското малцинство во Бугарија, кои бугарскиот Парламент не ги ратификува, а ЕУ нема механизам со кој би ја принудила својата членка да го направи тоа.
Во ситуација кога неколку илјадното македонско малцинство во Бугарија е напуштено од актуелната власт во Р Македонија и оставено само на себе, неговите претставници излегоа со Декларацијата на соборот на македонските активисти, одржан во Стара Кресна по повод 143 години од Македонското (Кресненско) востание, со која го дигаат својот глас и порачуваат дека постојат.
Со декларацијатасе обраќаат до актуелната македонска власт да бара реципроцитет од бугарска страна, која пак, од своја страна, ревносно ги штити интересите на бугарското малцинство во Македонија од неколку стотини граѓани и дури се бара тие да влезат во Уставот.
Претставниците на македонското малцинство во Бугарија бараат од македонската власт да упати исти барања до бугарската страна.
Со оглед на сето ова, ние, долупотпишаните: јасно го изнесуваме својот став за поддршка на Декларацијата на македонското малцинство во Р Бугарија.
Со тоа како научни работници, професори, интелектуалци би сакале да порачаме дека историјата никој не може да ја менува по сопствено наоѓање заради остварување на политички цели, притоа оставајќи без заштита и поддршка дел од сопствениот народ, кој се бори за основното човеково право да може слободно да се идентификува според сопственото убедување и да му се почитуваат сите малцински права во согласност со Конвенцијата за заштита на националните малцинства.
Сметаме дека непреземањето никакви чекори од страна на матичната држава Р Македонија за заштита на малцинските права на Македонците во Р Бугарија е нецивилизациски чин и преседан без пример во светот.
Се залагаме за примена на принципот на реципроцитет.
Сметаме дека без преседан е во земја членка на ЕУ македонското малцинство да не може слободно да се изјасни за својата национална припадност. Тоа се коси со сите документи, политики и принципи врз основа на кои е формирана и функционира Унијата.
Го осудуваме ставот на претседателот на Владата на Р Македонија дека интересот на македонската влада за состојбата на македонското малцинство во Р Бугарија е мешање во внатрешните работи на таа земја, а дека застапувањето на бугарската влада и на бугарскиот претседател за правата на бугарското малцинство во Македонија и барањето за негово вметнување во Уставот не е мешање во внатрешните работи на Р Македонија.
Нагласуваме дека не постои држава во светот која не се грижи за правата на своето малцинство во друга држава. Малцинствата секогаш претставуваат мост за соработка и за меѓусебно разбирање на народите.
Конечно, би сакале да потенцираме дека досегашната политика на актуелната власт води не само кон откажување од грижата за македонското малцинство во Бугарија (и во Грција) и за неговите права, туку и кон целосно продавање на сето она што го дефинира и со што се идентификува македонскиот народ во целина.
Токму затоа и најостро реагираме и нема да дозволиме таквите национални политики да резултираат со историски заборав на еден народ, кој во скоро време би можел да се најде на буништето на историјата, како никогаш да не постоел!“.
Потписници: Проф д-р Тодор Чепреганов, Проф. д-р Митко Б. Панов, Проф. д-р Јован Донев, Проф. д-р Маја Ангеловска – Панова, Проф. д-р Билјана Ванковска, Проф. д-р Елка Јачева–Улчар, Проф. д-р Лилјана Гушевска, Проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски, Проф. д-р Ѓорѓи Малковски, Проф. д-р Силвана Сидоровска – Чуповска, Проф. д-р Ник Анастасовски, Victoria UniversityMelbourne, Проф. д-р Виолета Ачкоска, Проф. д-р Коста Аџиевски, Проф. д-р Ристо Ачкоски, Проф. д-р Фанка Ристеска, Проф. др Нада Јурукова, Проф. д-р Верица Јосимовска, Проф. д-р Валентина Миронска, Проф. д-р Мишо Нетков, Проф. д-р Кирил Цацков, Проф. д-р Оливер Цацков, Проф. д-р Трајче Нацев, Проф. д-р Илија Велев, Проф. Благојка Филипчева, Проф. д-р Благица Петковска, Проф. д-р Јован Јованов, Проф. д-р Катица Јосифовска, Проф. д-р Стефан Алексоски, Проф. д-р Благоја Марковски, Проф. д-р Ѓорги Серафимов, Проф. д-р Катерина Младеновска Ристовска, Проф. д-р Теон Џинго, Проф. д-р Нове Велјановски, Проф. д-р Марјан Ивановски, Проф. д-р Билјана Поповска Неткова, Проф. д-р Никола Жежов, Проф. д-р Александар Атанасовски, Проф. д-р Мимоза Серафимова, Проф. д-р Стефан Влахов Мицов, Проф. д-р Михајло Миноски, Проф. д-р Константин Миноски, Проф. д-р Тони Филиповски, Проф. д-р Страшко Стојаноски, доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, доц. д-р Соња Николова, доц. д-р Горанчо Јакимов, д-р Христијан Петрески, Д-р Ицо Најдовски, д-р Наталија Ацеска, д-р Роберт Ацески, д-р Марија Мицајкова Панова, д-р Јасмина Дамјановска, м-р Марјан Гијовски, м-р Васко Гичевски, м-р Александар Спасов, проф. Дарија Андовска, Методија А. Коловски, претседател на Обединета Македонска Дијаспора, Вашингтон, САД, Јанко Томов, Бризбен, Австралија, Bанчо Меанџиски, Ставре Џиков, адвокат, Николче Богданоски, Владо Чакаровски, Кире Николов, Филип Марковски, Игорче Дунимагловски, Виктор Бивел, издавач, Политекон Публикаци, Сиднеј, Австралија, Ангеле Л. Вретоски, Боге Петрески, Гоце Мавчев, Илија Ристески, Тони Анѓелески, Александар Панов, Лидија Николова, Андријана Несторовска Светозаревиќ, Оливер Гиченко, Срѓан Здравковиќ, Билјана Челик, Диме Јуруков, Ацо Крстески, Будимир Апостолски, Слободан Ников, Александар Јорданоски, Слободанка Филипова, Вера Јованова, Кирил Јордановски.