еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Филмот „Џокер“ ја стресе Грција: Полиција упадна во две кина и вадеше малолетници

Филмот „Џокер“ кој руши рекорди на гледаност ширум светот и досега го виделе речиси еден милион Грци, предизвика скандал во Грција, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Имено како што објавија грчките медиуми за време на викендов на барање на две жени вработени во Министерството за култура и спорт, на сред проекција на филмот, кој е наменет за лица над 18 години, полиција упаднала во две кина во Атина, и изнесувала малолетници под 18 и под 15 години, со или без нивните родители.

Малолетниците и тие со нивните родители завршиле во полиција, пишуваат грчките медиуми.

Грчката полиција потврди дека била повикана да интервенира во две кина во Атина:

„Соопштуваме дека вчера (недела 20.10.2019) и завчера (сабота 19.10.2019) по пријави од службеници од Министерството за култура и спорт за присуство на малолетни лица во кино сали во Маруси и Кипсели, каде што се прикажуваше филм што е карактеризиран како несоодветен за малолетници, полицајци од полициските станици Амарусио и Патисија, отидоа во кината и ги проверија пријавите“

Од Министерството за култура и спорт, пак демантираа дека дале такво овластување.

Скандалот дополнително се разгори, откако се појави информацијата дека интервенцијата се базира на закон од 1937 година, кога во Грција имаше диктатура.

Скандалот ги „запали“ социјалните мрежи, и стана топ тема кај нашиот јужен сосед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ципрас за интервенција на полицијата за „Џокер“: НД нè врати во 60-тите години, а можеби и уште поназад

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негативен природен прираст во второто тримесечје

Редакција

Aтиџе добила ветување дека ќе биде вработена и песните ќе ги сними во професионално студио

Редакција

Пожарот во близина на Атина ставен под контрола, на Родос гори густа шума

Редакција