еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сенатот на САД го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Американскиот Сенат вечерва со 91 глас „за“ и два против ја усвои Резолуцијата за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Претходно сенаторите гласаа Протоколот да се донесе по скратена постапка, што беше поддржано од 84 сенатори, а двајца беа против.

-Честитки! Нашиот НАТО Протокол е ратификуван во Сенатот на САД со 91 глас „за” и само два гласа „против“, напиша на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

САД се 25-тата членка на НАТО што го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Очекувањата се дека Протоколот наскоро ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки и со тоа приемот на земјава ќе може да се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Протоколот треба да се комплетира и во Франција, каде помина во Сенатот, а сега за него треба да се гласа и во Националното собрание. Процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници во Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има три стана: Што пријавила во анкетниот лист претседателката на Антикорупциска, Ивановска

Редакција

Ќе се собере ли Собранието: СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“, ДУИ допрва ќе се изјаснува

Редакција

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да се школуваат на престижната воена академија „Вест Поинт“ во САД

Редакција