еМагазин
Image default
Да помогнеме

Четврта хуманитарна акција „Нахрани 10.000“

На 19 локации пред поголемите супермаркети во шест градови во земјава граѓаните утре од 10 до 18 часот ќе можат да донираат храна за ранливите категории граѓани на кои таа им е најпотребна.

Од Асоцијацијата „Сите сити“ која е организатор на хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ апелираат граѓаните да покажат хуманост и да донираат за нивните сограѓани на кои поддршка и помош им е неопходна.

– За жал, кај нас се уште е срамно човек да се најде во ситуација да нема. Затоа нам ни е многу важно да испратиме порака дека не е срамно да немаш, оти секој може да се најде во таква ситуација во одреден период. Единствено што е важно е да си помагаме едни со други и оние на кои им треба помош да знаат дека има кој да им подаде рака кога им е најтешко“, рече Блаже Јосифовски од Асоцијацијата „Сити сити“.

Во рамки на акцијата граѓаните ќе можат да донираат храна која е со подолг рок на траење и не е расиплива како ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, зејтин, грашок, конзервирана храна, супи, бисквити…

Откако храната ќе биде собрана до граѓаните на коишто им е потребна ќе биде пренесена во вид на неделни или месечни пакети. Дел од храната граѓаните сами ќе ја подигнуваат, а дел ќе се носи до нивните домови.

Според податоците со кои располагаат организаторите, а се објавени од Државниот завод за статистика еден од пет луѓе во Македонија не може да си ги дозволи сите оброци во текот на една година. Според ДЗС, проблем да обезбедат храна имаат околу 445.000 луѓе.

„Нахрани 10.000“ е во организација на Асоцијацијата „Сите сити“ и годинава се одржува по четврт пат. На акцијата се приклучуваат и организациите Х.О. „Св. Спас“ – Драчево, Организација на жени – Скопје, Кризен центар „Надеж“, Асоцијација „Ластовица“, ХОПС Опции за здрав живот, Организација на жени – Битола, Х.О. „Утешител“ – Битола, „Млади хуманисти“ – Битола, „Авена“ –  Кочани, „Импакт нет фондација“ – Велес, Ротари клуб – Штип и Асоцијација за човекови права на Ромите – Штип.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да ѝ помогнеме на 41-годишната Билјана која треба да се оперира од тумор на мозокот

Редакција

АПЕЛ за масовно учество: Граѓаните и активистите утре ќе ја бараат исчезнатата Марија Брзакова

Редакција

16-годишниот Мартин боледува од рак на лимфни жлезди, потребни се 40.000 евра за операција

Редакција