еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Воздухот во Куманово синоќа екстремно загаден

Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.

Загадувањето почна по 18 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фекалии се излевале во Охридското Езеро, утврди Државниот инспекторат за животна средина

Редакција

Скопјани со протест побараа сериозни мерки против загадувањето на воздухот

Редакција

„СДК.мк“: Унгарија го отповика својот почесен конзул во Битола, Сашо Јанакиевски кој е газда на фирмата „Еко клуб

Редакција