еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Преку присуство на саеми Витаминка ја продолжува потрагата по нови пазари

Со големиот асортиман, разните производи, широкиот спектар производни програми, Витаминка се претставува на најголемите саеми и со тоа ја продолжува потрагата по нови пазари.

Саемот за кондиторски производи во Дубаи, Yummex е еден од најреномираните специјализирани саеми за кондиторија во организација на Koelnmesse, затоа што директно го отвора патот кон азиските земји, што претставува голем и растечки пазар.

Голем дел од асортиманот на компанијата, почнувајќи од оние производи што се посебно интересни за странските пазари, слатката и солената програма беа изложени на штандот на Витаминка каде посетителите имаа можност да се запознаат и да ги пробаат. Производите на компанијата, посебно новитетите веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.

„Yummex е најголем настан во индустријата за слатки и солени производи во Средниот Исток, каде се поврзуваат таргетирани производители и добавувачи и се презентираат најновите алатки за подобрување на бизнисот во производство на кондиторски производи.

Онака како е конципиран го препознава зрелиот деловен потенцијал во регионот како водечки меѓународен центар за производство и преработка за да и служи на глобалната меѓународната побарувачка. Во таа насока и присуството на секое издание на овој саем е потребно и клучно за развој на бизнисот”, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Во рамки на саемот беа одржани и две панел конференции на кои претставници од Euromonitor, Nielsen, Carrefour, Hershey говореа за најновите трендови во оваа индустрија.

Со непосредна презентација на квалитетот на своите производи, Витаминка неодамна се претстави и на саемот за храна и пијалаци, Ануга 2019 којшто се одржува во Келн, Германија. Покрај главното саемско претставување, Ануга нуди дополнителни активности и содржини, што го прави атрактивен не само за изложувачите, туку и за сопственици на малопродажни ланци, произведувачи на полупроизводи, трговци но и граѓани.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Трчај бе: Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола која се развива во спортска туристичка дестинација

Редакција

Пивара Скопје лансираше дигитална платформа за едукација на млади за полесно вработување

Редакција

Ексклузивно претставување на Tikveš Chateaux & Domainеs на најголемиот Саем за вино ProWein 2019

Редакција