еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Вакцинацијата против сезонски грип почнува од 22 ноември

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември 2019 година. За претстојната сезона 2019-2020 година набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од шест месеци до пет години, бремени жени, како и здравствени работници.

Набавени се и 21.000 комерцијална вакцина од центрите за јавно здравство.

„Првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип,  покрај 10-те центри за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје“, информираат од Министерството за здравство.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот.

Заинтересираните лица можат да закажат бесплатна вакцинација од 18 ноември, преку својот матичен лекар. Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари.

Според Министерството за здравство, вакцинацијата во ноември и декември ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока, а тоа е во февруари 2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на професор Трајковски: Вакцинираните во Македонија се разболувале 2,86 пати поретко од невакцинираните

Редакција

Ковачевски ќе тера дневна шема за Нова година, па ќе прослави со семејството

Редакција

Од утре вечер дожд и пад на температурата до осум степени

Редакција