еМагазин
Image default
Македонија

Заев, Рама и Вучиќ во Охрид договорија регионот да функционира по европскиот модел

Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Охрид ја утврдија декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка. Декларацијата следува  по претходната нивна заедничка средба што се одржа во Нови Сад.

Од Владата информираат дека во основата на декларацијата се соработката, заедничкиот ангажман и елиминирањето на сите препреки за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал, како придонес за граѓаните од сите земји од регионот во остварување на заедничката крајна цел- полноправното членство во ЕУ.

Се очекува на граничните премини, покрај заедничките царински контроли, да има заедничка соработка на фитосанитарните контроли, како и слободно движење на граѓаните во трите земји само со лични карти.

Со декларацијата се најавуваат можностите на отворен пазар и пристап за бизнис иницијативите во целиот регион без разлика на местото на основање на компаниите, создавање нови работни места и поттикнување на потенцијалите за севкупен развој.

„Оваа иницијатива отвора големи можности за младите од поврзувањето по угледот на европскиот модел за имплементирање на стандардите на ЕУ со цел економски напредок на земјите од Западен Балкан и целокупната демократска трансформација“, велат од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 23 лица, најмногу од Скопје, најмладите на возраст од 47 и 48 години

Редакција

Денеска ќе биде промовирана „Солуција“ на Димитров

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира новиот Законот за амнестија кој го подготви власта

Редакција