„Дебарски бањи – Цапа“ заклучно со септемвро годинава од пружените услуги за бањско лекување и рехабилитација како основна дејност, како и хотелиерство и угостителство и други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат од 16.115.000 денари додека во истиот период од претходната 2018 година е остварено позитивен финансиски резултат од 30.202.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Вкупните приходи во период 01.01.-30.09.2019 година изнесуваат 133.144.000 денари и се остварени во висина од 98% во соодност со истиот период од претходната 2018 година. Вкупните трошоци од редовното работење до 30.09.2019 год. изнесуваат 114.939.000 денари и се поголеми за 11% во однос на 30.06.2018 година“, информираат од компанијата.