„Фершпед“ АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за период 01.01.-30.09.2019 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2019 година изнесува 74.773.000 денари и истата е намалена за 20% во однос на добивката во 2018 година истиот период.
Вкупните приходи од работењето на „Фершпед“ АД Скопје за период јануари-септември 2019 година изнесуваат 2.705.505.000 денари и истите бележат зголемување за 5% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период минатата година.
Вкупните расходи осварени во период јануари-септември 2019 година изнесуваат 2.621.099.000 денари и истите бележат зголемување од 6% во однос на истите мината година.
Нето добивката во анализираниот период изнесува 74.476.000 денари што пoкажува намалување на истата во однос на добивката од минатата година.