еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Ајдари има стан и куќа, а вози Мазда 3

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле уставните судии, кои деновиве се актуелни по најавата дека Уставниот суд ќе расправа по иницијативата за преиспитување на законитоста на членот 11 од Законот за помилување од 2016 година, а со кој се овозможи да се укине помилувањето што го даде тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Каков имот пријавил Насер Ајдари?

Судијата Насер Ајдари според анкетниот лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал судија во Уставниот суд на свое име пријавил куќа во Арачиново од 180 метри квадратни, проценета на 3,6 милиони денари.

Истата ја стекнал од наследство.

Од наследство на свое име пријавил и земјиште во Арачиново и Илинден.

Како личен имот пријавил и стан во Скопје од 87 метри квадратни, проценет на 3,6 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Вози Мазда 3, а на име на децата пријавил две возила Ауди.

Има и кредит од 20 илјади евра, кој треба да го отплаќа до 2025 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Мурати има куќа и два стана

Кои се уставните судии кои ќе имаат пресуден збор за Законот за помилување?

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската комисија останува на препораката за старт на преговорите со Македонија, но порачува: „не треба да се живее на стара слава“

Редакција

Мицкоски маршираше во Штип: Мртви ладни ќе ја ревидираат историјата

Редакција

(Фото) Селото нема жители кои би гласале, но постер од Пендаровски има

Редакција