Премиерот Зоран Заев беше на прием кај Кралицата Елизабета во Бакингемската палата, што се приреди за сите делегации, во чест на состанокот на лидери на НАТО кој се одржува во Лондон.
Тој беше во друштво на светските и европските лидери, а многумина оваа фотографија ја оценија како една од најважните во поновата историја на државата.
Премиерот присуствуваше и на прием за шефовите на држави и/или влади што ја приредува премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Премиерот Заев со сопругата на прием кај британскиот премиер Борис Џонсон
Македонија е пред портите за влез во НАТО, останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за членство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев си направи „селфи“ во Лондон: „Го остваруваме сонот, стануваме 30. членка на НАТО“
Фото: Фејсбук/Заев