еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Мартенс за иселувањето во Германија: Платите можеби се високи, но и давачките се големи

Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс правејќи споредба со платата овде и во Германија истакна дека не е се така како што изгледа, кога ќе се каже дека таму платите се две или три илјади евра.

На неформалната средба со новинарите објасни дека во Германија даноците се повисоки, луѓето сами плаќаат здравствено и социјално осигурување, а киријата во поголемите градови може да ве чини половина од платата.

„Во Германија седум месеци работите за државата, а од август почнувате да работите за себе“, рече Мартенс.

Обидувајќи се да објасни зошто е добро луѓето да останат овде, вели дека доколку би се иселиле би го немале квалитетот на социјалниот живот кој го имаат овде. Потенцираше и дека медицинскиот персонал во Германија, се сели во Швајцарија поради повисоките примања.

„Предноста во Германија е што луѓето имаат доверба во системот, институциите, судството, што пак е недостаток на државите од Западен Балкан. А тоа е основа за економски развој“, додаде Мартенс.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донесена Уредбата за ваучери за поддршка на домашниот туризам со вредност од 6.000 денари

Редакција

Поскапа за 335 денари од јануари: Во февруари минималната синдикална кошничка 36.146 денари

Редакција

Минимална плата од најмалку 13.800 денари побараа денеска работниците на маршот на ССМ

Редакција