еМагазин
Image default
Македонија

Шекеринска: Ќе го анализираме мислењето  на Венецијанската комисија и ќе излеземе со заеднички став

Многу сериозно ќе го анализираме мислењето  на Венецијанската комисија, ќе земеме предвид различни забелешки и ќе се трудиме да најдеме решение кое ќе биде плус за сите граѓани во државата. Ова денеска на прес-конференција го истакна заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска. 

По долгите дискусии за Законот за јазици ние, како што рече, излеговме со текст зад кој застанавме и добивме сериозно мнозинство и во Собранието, кажавме дека имаме и одредени дилеми и за тие дилеми, но и за целиот Закон, самата Влада побара мислење од Венецијанската комисија.

– Според тоа што имавме прилика директно да го прочитаме, а не да го видиме толкувано од страна на некој, за некои прашања имаат дилеми, за некои прашања нема дилеми, за некои прашања Венецијанската комисија оди и чекор напред. Многу сериозно ќе го анализираме мислењето, ќе земеме предвид различни забелешки и ќе се трудиме да најдеме решение кое ќе биде плус за сите граѓани во државата. Како Влада побаравме од Венецијанската комисија да ни достави мислење по законот и да ни достави мислења по две прашања кои ги оставивме за отворени. Кога ќе го добиеме сето ова, ќе го извлечеме најдобриот можен резултат за сите граѓани, рече Шекеринска.

Веруваме, како што рече, дека и јазичните права се права кои ја градат кохезијата во државата. Потсети дека долго време законот е на сила и додаде оти ниту еден граѓанин не платил казна зошто не знае албански јазик. Никој не е натеран да користи нешто што не го знае или не сака да го користи, како што некои тврдеа.

– Покажавме дека ова прашање не е табу и покажавме дека ова прашање сакаме да го решаваме како држава која навистина гради едно општество за сите. Со таков дух, со такви аргументи ќе го погледнеме мислењето на Венецијанската комисија и ќе излеземе со заеднички став. Не веруваме во еднократно менување на овие важни закони, но веруваме дека сите партнери во коалицијата ќе го почитуваме тоа што сме си го презеле како обврска на почетокот. Сметаме дека ова не е прашање кое треба повторно да ја дели државата. Видовме како неодговорни политичари не доведоа на раб на војна создавајќи страв кој беше нереален, рече Шекеринска.

Таа изрази надеж дека сите, државата, граѓаните и некои од партиите научиле нешто од тоа искуство. Додаде дека сакаат да бидат принципиелни по сите прашања и сакаат да најдат решенија кои ќе бидат најдобри за нашата држава.

МИА/Фото: МО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи контра Заев: Секое отворање на Законот за јазици ќе не врати пред 2001 година

Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците

Венецијанската комисија препорача да се преиспита Законот за употреба на јазиците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓански организации: Предлог-законот за Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување

Редакција

Милошоски го повика Османи во среда да реферира за патоказот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика

Редакција

Теута Арифи не е кандидат за Вашингтон, тврди Заев

Редакција