еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Казна затвор до една година за работодавачите кои ќе манипулираат со исплатата на К-15

Се приближува крајот на годината, период во кој изминува рокот работодавачите да ја исполнат обврската за исплата на регрес на годишен одмор или популарниот К-15.

За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ , Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година.

Овој закон предвидува и казни за работодавачите кои ќе отпуштат работник ако пријавил непочитување на обврската за исплата на К-15.

За работниците да се охрабрат и да ги пријават несовесните работодавачи Ви ги пренесуваме одредбите од законот кои се однесуваат на оваа тематика:

„2)Тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со затвор од три месеци до една година.

Со казната од ставот (2) ќе се казни работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот.”

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ременски, Боки 13, Мандиќ на суд: Почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

Од следната недела редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Редакција

Државата им ги исплати на лозарите парите кои „Повардарие” и „Стефани винарија“ им ги должеа со години

Редакција