еМагазин
Image default
Бизнис

„Балкан груп констракшн“ и „Орка Холдинг“ меѓу најголемите доверители во „Бетон Штип“

Собранието на доверители на градежната компанија „Бетон Штип“, кое денеска требаше да се одржи во Основен суд-Штип е одложено за 26 месецов. На ова собрание на доверители треба да се одлучи судбината на поранешниот градежен гигант. Опциите се ликвидација или реорганизација на компанијата.

Стечајниот управник, Драги Димевски вели дека извештајот кој го има доставено до судот, но и до доверителите, покажува дека четири компании се најголеми доверители, односно си ги бараат побарувањата од „Бетон Штип“.

Прва на листата е „Балкан груп констракшн“ со 27,65 проценти од вкупно утврдените побарувања, потоа на листата доаѓаат компаниите „ТИМ ДОО“ Скопје и „Орка Холдинг“, кои имаат по 16,76 проценти од побарувањата и „ИСЦ груп ДОО“ со 2,75 проценти од побарувањата.

Според направениот попис, имотот на штипски „Бетон“ и неговите удели се вредни една милјарда денари. Анализите покажуваат дека недвижниот имот на градежната компанија „Бетон“ е ставен под хипотеки кај банките.

Побарувањата од доверителите и вработените се вкупно 1,5 милјарди денари, од кои признати побарувања се околу една милјарда денари.

На барање на доверителите стечајот на компанијата „Бетон Штип“ е отворен на 2 јули, а на крајот од тековниот месец ќе се знае судбината на поранешниот втор по големина градежен играч во државата, а и најголем корисник на тендерите од проектот „Скопје 2014“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тепачка“ за наплата на побарувања од стечајот во „Бетон Штип“: Парите си ги бараат 577 доверители

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на „Бетон Штип“

Три фирми побаруваат 1,2 милион евра: Отворена стечајна постапка за штипски „Бетон“ 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во мај

Редакција

Кинески работници постојано доаѓаат и заминуваат од државата, Синдикатот за градежништво апелира за превенција од коронавирусот

Редакција

Во тетовско Камењане почна со работа фабрика за производство на бакарни жици и цевки

Редакција