еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална нема да ја купи Еуростандард банка, но му даде кредит од 10 милиони евра на Трифун Костовски

Во врска со претходната објава на Комерцијална банка АД Скопје за разгледување на можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека се прекинати почетните разговори и натамошното стекнување на информации поради очигледните разлики во вреднувањето, информира банката преку Македонската берза.

„Наместо тоа, а на нивно барање, Комерцијална банка АД Скопје одобри долгорочен кредит во износ од 615.000.000 денари (10 милиони евра) на друштвото за трговија и услуги „Гофи“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје како должник и „Гофи груп оф фајненс енд инвестмент“ како заложен должник.

Долгорочниот кредит е обезбеден со залог од прв ред над 3.200 обични акции со номинална вредност од 1.000 евра по акција, издадени од „Еуролинк Осигурување“ АД Скопје и друг недвижен имот“, соопшти банката.

Зад компаниите кои се корисници на кредитот стои бизнисменот и поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, а „Гофи груп“ се јавува и како мнозински акционер во Еуростандард банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари ќе бара Трифун Костовски од Хари Костов за продажба на Еуростандард на Комерцијална банка?

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобусите ќе може да превезуваат патници до 75% исполнетост од вкупниот капацитет, наместо до 50%

Редакција

Kривична пријава против скопјанка која се борела во редовите на Исламската држава во Сирија

Редакција

Блерим Река професионално: Од амбасадор до кандидат за претседател на државата

Редакција