еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството отвори постапка за новите аудио снимки објавени на Јутјуб

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори постапка по допрен глас за аудио снимките кои беа објавени денеска на „Јутјуб“ каналот „U6e Big“, во кои се слуша глас што наликува на оној на бизнисменот Орце Камчев.

– Предметот е земен во работа и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена е наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика да преземат дејствија и мерки и барањето за прибирање на потребни известувања да го достават до „Јутјуб“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Обвинителството посочува дела во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките.

– Со постапката треба да се утврди кој снимал, дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува, се додава во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција воедно информира дека до сега до него нема пристигнато пријава која се однесува на објавените снимени разговори.

– Обвинителството како и во изминатиот период нема да коментира изјави, туку својата работа ќе продолжи да ја темели врз докази. Во насока на тоа обвинителството веднаш, како и во случајот на објавените документи од предметот „Рекет“, отвори постапка во насока на расветлување на случајот, се додава во соопштението.

На „Јутјуб“ денеска беа објавени девет нови „бомби“ во кои се слуша како лице чиј глас наликува на оној на Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“ и сведок во случајот „Рекет“, го убедува премиерот Зоран Заев случајот со рекетот да не го пријавуваат кај обвинителката Вилма Русковска, но премиерот му порачува дека: „Македонија мора да стане европска држава, правна држава“ и да оди да пријави за да не одговара и самиот.

Во дел од објавените снимени разговори може да се слушнат информации за односот меѓу првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и сега веќе осудениот за овој случај Зоран Милевски – Кичеец, како и дека во рачката од куферот во кој Камчев му ги предал парите на Боки 13 имало Џи-Пи-Ес уред за следење.

Во некои од снимките во позадина има музика, а во други се слуша сообраќаен метеж. Низ снимените разговори се споменуваат повеќе звучни имиња, меѓу кои и на обвинители, судии, политичари и новинари.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев за новите снимки: Нема да дозволам влакно да им фали на главата на моите деца и семејство

(Аудио) Нова „тура“ снимки за „Рекет“: „Куферот со пари не е кај Заев“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана вработува психолози

Редакција

Во Куманово 7, во Липково 5 новозаболени од Ковид-19

Редакција

И на Бадник нема прекин на борбите во Украина

Редакција