еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности, „Титаник“.

Судењето се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со сослушување на сведоци, предложени од обвинителството. Предметот го води судијата Осман Шабаниа, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво, а случајот повторно беше распределен на јавната обвинителка Лиле Стефанова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Нефи Усеини во бегство си отвори фирма во Битола, објави ИРЛ

Редакција

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

Редакција

Нови 112 случаи со Ковид-19 од 1.372 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција