еМагазин
Image default
Бизнис

Досега 8.000 фирми побарале субвенции за поголеми плати на 45.000 работници

Вкупно 8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за зголемени плати на 45.000 вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Според Лукаревска, 1.300 работодавачи за 47.000 вработени се уште не го оствариле ова право од технички причини.

„Станува збор за технички грешки кои не се од страната на УЈП, туку од страната на фирмите и очекуваме дека ќе се надминат“, рече Лукаревска.

За октомври и ноември висината на средствата кои треба да ги добијат компаниите е 58 милиони денари, а за декември ќе се знае до крајот на годината.

Владата неодамна донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од УЈП: Како да побарате субвенции за поголеми плати?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок од 11.652 акции од Комерцијална банка за 62 милиони денари

Редакција

Поради кризата, германските компании се фокусираат на земјите од регионот за набавка на сурови за производството – oдлична можност за македонските фирми

Редакција

Детален преглед: Кој од компаниите кои котираат на Македонската берза во третото тримесечије оствариле добивка, а кои загуба

Редакција