еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

(Видео) Македонските и косовските полицајци вежбаа „Потера“ по тешки криминалци

Под името „Потера“ припадници на македонската и косовската полиција одржаа заедничка вежба на која беше демонстрирано „Спречување на бегство и лишување од слобода на лица сторители на тешки облици на кривични дела”, а се одржа на границата со Косово, во близина на Граничниот премин Јажинце, соопшти МВР.

„Оваа вежбовна активност на повеќе специјализирани полициски единици на двете министерства, се темели на потпишаниот Протокол за заедничка соработка во превенирање на прекуграничниот криминал, и беше замислена како сценарио во кое се детектира присуство на меѓународна криминална група на територијата на Република Северна Македонија, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, која преку координирано оперативно –тактичко делување беше лоцирана, а сторителите приведени“, информира МВР.

По завршувањето на вежбата, министерот Спасовски и министерот за внатрешни работи на Република Косово Екрем Мустафа го потпишаа Протоколот за соработка меѓу двете министeрства за вршење на гранични проверки на железничкиот сообраќај, а директорите на полиции на двете држави го потпишаа Протоколот во областа на безбедност на поголеми јавни настани.

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонските специјалци со колегите од Албанија и Косово ги покажаа своите вештини

Редакција

Ковачевски и Петков ја изразија важноста да се поттикне соработката меѓу државните универзитети во двете земји

Редакција

Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Македонија

Редакција