еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Лидерите на Западен Балкан од Драч ветија поддршка и заедништво при природни катастрофи

Како израз на солидарноста со граѓаните на Албанија, и во знак на поддршка и духовна поткрепа на жителите на градовите и другите населени места што настрадаа од земјотресот на 26 ноември, македонскиот премиер Зоран Заев заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ го посетија Драч, ссоопшти Владата.

Лидерите на Западен  Балкан, кои во Тирана пристигнаа на третата сесија од иницијативата за продлабочување на соработката во регионот, се сретнаа со дел од семејствата што сега ги обновуваат своите домови од трагичната катастрофа, и ја потврдија својата подготвеност да ја продолжат натамошната поддршка и помош во периодот на закрепнување од последиците од земјотресот.

Оваа посета на Драч воедно е и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофи и вонредни состојби која ќе биде вклучена како уште една област за непосредна и блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан во документот за поинтензивна интеграција на регионот што ќе биде усвоен денеска во Тирана.

Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи,  спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апсења и обвиненија за убиство по земјотресот во Албанија

Откриени причините за големиот број на жртви во земјотресот во Албанија

(Видео) Запознајте ги припадниците на нашите сили кои несебично помагаа по земјотресот во Албанија

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник ќе патуваме без ПЦР-тест и во Србија

Редакција

(Фото) „Македонска вечер“ во Белград: Брнабиќ, Вучиќ и политичари од регионот дегустираа македонска храна и вино

Редакција

Македонија и Албанија потпишаа Договор за заеднички гранични и царински контроли

Редакција