Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска присуствуваше на изведбата на бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ на македонски јазик, во организација на Здружението за инклузивно и неформално образование „Крео-Аксис“.
„Ени е приказна од децата за деца и возрасни којашто потсетува на универзалните човекови вредности, ја симболизира надежта за посветли денови и праќа порака да шириме добрина околу нас. Ени е доказ дека се’ е возможно; таа е алегорија на истрајноста, љубовта, вербата, упорноста и надежта. Ени ни покажа дека добрината на детето секогаш може да го разбуди детето во возрасниот и на тој начин тие си помагаат и се надополнуваат“, напиша Пендаровска-Ѓоргиевска на нејзиниот фејсбук-профил.
фото: Фејсбук/Елизабета Ѓоргиевска