еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите погледи вперени во ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има ли нов предлог за прв човек на МВР?

Утре истекува рокот за оставка на премиерот Зоран Заев по што треба да профунционира таканаречената техничка Влада која треба да ја води државата се до одржување на изборите на 12 април, годинава. Сепак, нејзиното екипирање се уште е незвесно, бидејќи се чека предлог од опозицијата за нов технички министер за внатрешни работи.

Првичниот предлог на чело на министерството да застане военото лице Драган Ковачки беше одбиен со образложение дека Уставот не дозволува воено лице да раководи со МВР.

Техничка влада се формира сто дена пред избори, а премирот Заев најави дека на 3 јануари ќе поднесе оставка од премиерската функција. Според процедурата Парламентот ја констатира оставката и со тоа паѓа целата влада, а потоа претседателот Стево Пендаровски треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ беше предлогот за технички премиер.

Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во перидот до изборите и формирање на новата влада.

Тој начелно нема проблеми со предложените технички министри од страна на опозицијата, со исклучок на техничкиот министер за внатрешни работи за кој смета дека ќе придонесе за милитаризација на МВР.

Спасовски вчера за време на посетата на Тетово изрази верување дека опозицијата ќе предложи нов кандидат кој ќе го раководи Министерството за внатрешни работи. На новинарско прашање дали очекува нов предлог од опозицијата тој одговори потврдно.

„Мислам дека тоа ќе го направат и заеднички ќе влеземе во таа преодна влада која треба да ги заврши сите овие процедури до изборите. Подготвени сме да продолжиме со таква динамика и со посветеност да работиме за граѓаните во предизборниот период, затоа што Македонија не смее да си дозволи да се стопираат проектите и да има застој во реформите. Напротив треба енергично, цврсто да газиме напред заради граѓаните и иднината на Република Северна Македонија“, истакна Спасовски.

Тој и вчера и и изминатите денови остана на ставот дека мора да се почитува Уставот и оти предлогот за министер за внатрешни работи не смее да отстапува од она што е пропишано во највисокиот правен акт.

„Како иден мандатар мислам дека еден од главните принципи е да го почитуваме Уставот и во тој поглед воопшто немаме дилема дека тоа треба да биде пред се и над се. Второ, кога размислуваме за овој кандидат размислуваме и за милитаризацијата на МВР, а тоа воопшто не е потребно во демократска држава и демократско општество“, смета Спасовски во врска со предлогот на опозицијата.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на првиот ден од годината се сретна со членови на неговиот кабинет и со кандидатите за министри и заменици министри предложени од неговата партија во техничката влада за спроведување на предвремените парламентарни избори.

Мицкоски објави видео од средбата, но на него го нема предлогот за технички министер за внатрешни работи, Ковачки.

„Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува. Тоа е голема одговорност која ја прифаќам. За добар почеток на годината, на состанок со мојот кабинет и луѓето кои ќе имаат одговорна задача во техничката влада да ја заштитат народната волја“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук-профил.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Средба без Ковачки: Мицкоски се сретна со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за техничката влада

Спасовски нема проблеми со предложените министри од ВМРО-ДПМНЕ, освен со Ковачки

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кандидатот за градоначалник на Штип, Сашко Николов и за време на кампањата ќе волонтира во штипската болница

Редакција

Не гледам дека има некоја пречка за плаќање на рускиот гас во рубљи, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

Собранието доби „заштитена соба“ за поголем надзор над безбедносните служби

Редакција