еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев

Собранието денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, поднесена по договорот на политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Се очекува до полноќ Собранието да ја изгласа техничката Влада, која ќе ја предводи Оливер Спасовски и која од утре, па во следните сто дена треба да ги организира изборите.

Заев не ја образложи оставката пред пратениците, но во документот доставен до Парламентот наведе дека ја поднесува по договорот на лидерите на партиите за избори на 12 април.

Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери претпладнево соопшти дека оставката на Заев ја доставил до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му го врачи мандатот на Спасовски. Тој, пак, до Собранието треба да достави состав на новата техничка Влада и програма за работа.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Потпишав оставка на премиерската функција

Оставката на Заев ударна вест во Грција

Не се враќа во Струмица: Премиерот Заев денеска ќе поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведена мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар

Редакција

Доколку тестирањето стане задолжително за патување во странство, државата има капацитет да го спроведе

Редакција

Апелација ги укина затворските казни за Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ за предметот „Титаник 3“

Редакција