еМагазин
Image default
Македонија

Емилија Трајковска е новата пратеничка во македонското Собрание

Емилија Трајковска од листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата треба да ја замени пратеничката Невенка Стаменковска Стојковски до истекот на мандатот на овој парламентарен состав, откако таа беше избрана за заменик-министер во техничката Влада.

Државната изборна комисија (ДИК) добила согласност од Трајковска, по што изготвила Ивештај кој денеска ќе биде испратен до Собранието.

Потоа во редовна и предвидена постапка, како што рече на денешната седница на ДИК претседателот Оливер Дерковски, за нејзиниот мандат треба да се изјасни собраниската Комисија за политички систем и да биде верификуван на пленарна седница, по што од Државната изборна комисија ќе добие и решение.

Како што појасни Дерковски, Трајковска ќе ја извршува пратеничката функција до истекот на мандатот на овој пратенички состав на 11 февруари, кога Собранието ќе биде распуштено поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Невенка Стаменковска Стојковски, заменик министерката за информатичко општество и администрацијаза

ПОРТРЕТ: Која е Невенка Стаменковска Стојковски, новиот заменик министер за информатичко општество и администрација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Се отвара ли простор за застарување: Врховен суд суд ќе одлучува за истрагите на СЈО

Редакција

Во велешко 4 новозаболени и тројца излекувани од Ковид -19

Редакција