еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Aпелација ја одби жалбата, Јанева останува во куќен притвор

Апелацискиот суд ја одби жалба на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, да се брани на слобода.

Со одлуката на судот донесена минатата недела Јанева, и понатаму останува во куќен притвор.

Веста за МИА ја потврди судијата од Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

Следното рочиште зa “Рекет”, e закажано за 20 јануари, кога и е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова.

Претходно сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска.

Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Во случајот „Рекет“, што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, односно Зоран Милески – Кичеец, кој на првото рочиште ја прифати вината и доби три години казна затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичеец ќе сведочи за „Рекет“ на покана на Боки 13 и Јанева

Редакција

Запленети „БМВ“, „ауди“, „мерцедес“, „тесла“ со странски регистарски таблици, управувани од македонски државјани

Редакција

Верушевски бара 71 илјади евра од државата за 344. дена поминати неосновано во притвор

Редакција