еМагазин
Image default
Македонија

Се одложи рочиштето за „ТНТ“, обвинетиот Трајковски на боледување

Денешното рочиште за случајот “ТНТ“, кој се однесува на рушењето на комплексот „Космос“ повторно се одложи поради задравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски.

Следното рочиште е закажано за 6. февруари.

На денешното судење не се појави Трајковски, а неговиот адвокат, Јовица Страшевски информираше дека неговата здравствена состојба е сериозна, но минлива и рече дека тој не се појавил на рочиштето по препорака на доктор.

Образложение за здравствената состојба на Трајковски на рочиштето даде докторката Викторија Вујовиќ, која издала потврда дека тој не е во состојба да ги следи рочиштата, а за нејзиното сведочење јавноста беше исклучена.

Предметот “ТНТ“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба, Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер, Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за „ТНТ“: Ќе сведочи докторката на обвинетиот Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна делегација предводена од Пендаровски од денеска до 22. септември ќе учествува на за 78. сесија на Генералното собрание на ОН

Редакција

Седум новозаболени од Ковид-19 во Куманово, сите од познати кластери

Редакција

Дерковски: Уставниот суд да го поништи решението за избори, па Џафери да распише нови

Редакција