еМагазин
Image default
ЖИВОТ

ХЕРА: „Јавна Соба“ и насилството меѓу младите е АЛАРМ за воведување сексуално образование

Случувањата со „Телеграм“ и затворената група „Јавна Соба“ се проблем за кој алармираме веќе долго време, велат од ХЕРА.

„Врсничкото и родово базираното насилство се секојдневен проблем со кој се соочуваат младите, во и надвор од училиштата. Ако барате виновници, не ги барајте кај младите. Нивните однесувања се резултат, односно последица на лоши ситемски решенија, образовен систем и игнорантноста на „возрасните“ за нивните проблеми. За жал, насилството не започна, ниту пак ќе заврши со постоењето на оваа група.

Сведоци сме на секојдневни инциденти и различни форми на насилство кај младите кои им оставаат траги за цел живот и им влијаат на нивниот психофизички развој. Многу често младите кои се жртви, не можат да го препознаат тоа или пак ако го препознаат немаат каде да  пријават.

Тоа што го гледаме на терен е дека дури и тогаш кога ќе најдат начин и се охрабрат да пријават, наидуваат на „двојна виктимизација“ како од нивните врсници, така и од нивните родители и професори.  Родителите сѐ почесто панично ни се обраќаат и бараат поддршка, затоа што не се спремни да одговорат на проблемите кои се секојдневна реалност на нивните деца.

Неретко, и професорите бараат мислење и помош во врска со овие теми затоа што сѐ уште не се обучени и немаат доволно знаење како да постапат во вакви комплексни ситуации. Ова е само уште еден знак дека под итно треба задолжително воведување на Сеопфатно Сексуално Образование, чие воведување ужива голема поддршка и од самите родители, и кое ќе ги научи младите кои се нивните права и обврски, ќе ги научи отворено да зборуваат за својата сексуалност, ќе бидат поинформирани наспроти тоа да се постојано мета на неточни и штетни информации кои им го поматуваат умот и ги збунуваат уште повеќе.

Еманципирана младина е здрава младина, младина со личен интегритет и свесност за себе. А, тогаш кога ќе научат да се ценат себеси, ќе умеат да го ценат и другиот. Еманципирана младина е емпатична младина, образованието е несомнено превенција за ваквите форми на насилство,“ се вели во соопштението на ХЕРА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е виновен, девојчињата што испраќале фотографии, родителите или тие што ги споделуваат: Твитер реакции за групата на Телеграм

Телма: Тинејџер е креатор на „Јавна соба“, МВР ги обезбедила телефонските броеви на над 7.000 членови на групата на Телеграм

А1он: И политичари и бизнисмени во групата на Телеграм каде што се споделува порнографија

Фото: Радио МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ќерката на Ѓорчев, прваче

Редакција

Конкурс за стипендии за студии на универзитeти рангирани на Шангајската листа

Редакција

(Видео) Даниловски: „Прашање на денови е кога бројот на заразени со Ковид-19 ќе достигне 1.000, но состојбата во регионот нема да се преслика кај нас“

Редакција