еМагазин
Image default
Локално

Ловџија застрела колега во градите во струмичко

На 26.01.2020 во Полициската станица Струмица било пријавено дека во 08.00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, Н.Н.(64) од Струмица, додека бил на лов заедно со други лица, бил погоден од ловен патрон во пределот на градите, информира МВР.

Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш.(69), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н., кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец повреден при боево гаѓање на полигон во штипско

Редакција

(Галерија) ГТЦ блесна во новогодишно руво

Редакција

Полицаецот почнал да ја дави, по што неговата партнерка го прободила со нож: Детали од Обвинителството за убиството во Велес

Редакција