САД и Јапонија со авиони ги евакуираат своите граѓани од Кина откако корона вирусот кој прв пат беше регистриран минатата среда ја зеде и 132. жртва, а нов случај беше регистриран и на Блискиот Исток, објави Ројтерс.
За само една недела бројката на евидентирани заболени порасна на повеќе од 6.000 лица.
Случај на заболен од вирусот беше регистриран и во Германија во гратче близу Минхен, така што парашање е колку Светската здравствена организација (СЗО) и здравствени власти во државите во светот можат да го контролираат ширењето на овој нов вирус.
Интерактивната мапа можете да ја видите ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради коронавирусот, да не си Кинез деновиве
Филипче: Нема ниту една причина за некаков ризик или паника за корона вирусот во нашата држава
Корона вирусот „пристигна“ во Европа: Во Германија потврден првиот случај