еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка лани оствари добивка од 29 милиони евра

Во периодот 01.01-31.12.2019 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење на консолидирана основа оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1,8 милијарди денари или околу 29 милиони евра, соопшти банката преку Македонската берза.

„Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 123 милијарди денари, додека  консолидираниот износ на капиталот и резервите со состојба 31.12.2019 година изнесува 13,3 милијарди денари“, информираат од банката. 

Консолидираниот неревидиран биланс на успех и биланс на состојба на банката за периодот 01.01-31.12.2019 година се состои од билансот на успех и билансот на состојба на Комерцијална банка АД Скопје, на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје, на придруженото друштво КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, претставени како биланс на успех и биланс на состојба на едно правно лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 842.000 евра

„Адора Инженеринг“ повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка 

Кој е Ванчо Чифлиганец: Од професор до еден од најголемите акционери во Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема оздравени од Ковид-19

Редакција

Во интерес на здравјето на граѓаните, СКМ бара стриктна примена на законите за употреба на дезинфициенси на пазарот

Редакција

(Вознемирувачко видео) Сцените од болниците во Газа се трагедија

Редакција