еМагазин
Image default
Балкан

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Една година по промената на името во Република Северна Македонија, бугарските власти на граничниот премин „Ѓуешево“ сè уште работат со старото име „Поранешна југословенска Република Македонија“, објави Бугарското национално радио (БНР).

– Новото име Северна Македонија се уште не е внесено во електронскиот систем на граничниот премин, потврдува цариник на ГП Ѓуешево.

Не се сменети ниту сообраќајните знаци на патниот правец Ќустендил – Ѓуешево. Од подрачната канцеларија за одржување на патиштата во Ќустендил немаат конкретен одговор дали се подготвуваат и кога би можело да бидат поставени нови патокази со името Северна Македонија.

Сепак, новото име го има на неколку места во меѓуграничниот простор, а се употребува и во електронскиот систем за издавање вињетки за патување низ Бугарија, пренесува БНТ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јужниот сосед вели нема, Србија тврди дека има договор, ама нема потпис за влез на Србите во Грција од 1 мај

Редакција

(Видео) Албански градоначалник имал секс со девојка во кабинетот, по скандалот поднесе оставка

Редакција

Најмалку проблеми се очекуваат од Македонија: Србија ќе бара воени станови и оружје од поранешните ју-републики

Редакција