еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Престапна година: Едвај го „преживеавме“ јануари, а не очекува продолжен февруари

Поради празниците и вообичаеното финансиско опуштање, купување подароци и славење јануари меѓу македонските граѓани вообичаено е познат како најдолгиот месец во годината. При крај на месецот сите едвај чекаат да заврши бидејќи се материјално, психолошки и физички истрошени.

Но за разлика од претходните три години, 2020 е поразлична затоа што е престапна, што значи дека наместо вообичаените 365 дена, годинава има еден ден повеќе. Престапна е секоја четврта година во која февруари наместо 28 има 29 дена.

Така што, годинава ќе треба да почекаме еден ден повеќе за да заврши февруари.

Интересно е што ова е престапна година која почна во среда и повторно ваква престапна година ќе има во 2048 година.

Според народните верувања, во престапна година не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Народот верувал дека се што се прави во престапна година е со краток рок иако годината има еден ден повеќе.

Среќни во ваква година, според народот, се децата родени во таа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и ветер

Редакција

Засилување на улогата на матичните лекари и поедноставни услуги за пациентите, најави Меџити

Редакција

Даниловски: Со Ковид-19 ќе се заразуваат и оние што веќе прележале и што се вакцинирани, мал дел ќе завршат во болница

Редакција